Колку и да звучи смешно и несериозно, јас не знам како да учам, а можи и некој друг го има изтиот проблем.
В година сакам да запишам факултет и сакам да учам, но освен желба немам ништо друго. Не знам кој пат да го фатам.(долго размислував, без стрес и напор и стварно ме влечи тоа што сакам да го учам)
Во основмо учев со помош на родител до 9-то а средно не знаев што е книга.
Кога учев со родителот, ми го читаше урокот еднаш и после тоа ме испрашуваше и 70% го запамтував, ми објаснувше многу сликовито и беше строг со мене, и имаше ефект оти до ден денес памтам работи што сме ги учеле во основно.
И сега ми се јави жебла да учам на средно тежок факултет.
Не можам да седнам и да ја фатам книгата и да почнам да читам. Кога ќе седнам почнувам да читам и одма ми се приспива, конценртацијата ми паѓа и почнувам да размислувам нешто сосема друго, буквите почнуваат да ми шетат лево десно.
Не знам ни времето да си го менаџирам, има ли некој/а што ќе ме просветли или што го имал/а истиот проблем и да ми се заматува сликата а видот ми е во ред немам потреба од наочари(барем така мислам).
Овај проблем со концертацијата го имам и од мал, пред да стане телефонот толку зависен.
Ве молам некој/а да ми даде некаков совет според искуството, ќе бидам бескрајно благодарен.
Фала ви, имајте убав ден.